
СОЛТА НЕ Е ЛЕК!
Но, може да биде превенција!



Комбинирана Калијумова Сол

Се користи како замена за кујнката сол во секојдневната исхрана.
ПРЕВЕНТИВА против високиот крвен притисок, срцеви и бубрежни проблеми со совет од лекарот.
Малку внимание за поздрав живот.
Наизглед сосема обичен производ, но...
КОМБИНИРАНАТА КАЛИЈУМОВА СОЛ Е РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ПРОИЗВОД ВО ИСХРАНАТА

Основна состојка на кујнската сол е натриумот, но каква врска има ова со калијум?

Целата приказна започнува со водата!?
Без вода нема живот и секојдневно е потребно да се внесе во организмод од 2 до 2,5 литри вода. Колку вода ќе внесеме, толку треба и да исфрлиме, и само тогаш е се во ред. Движењето на водата во организмот се одвива со помош на минерали, натриум и калиум, односно нивните електролити - катјони Na+ и K+, кои исто како и водата мораме секојдневно да ги внесуваме.
Од целовкупната вода во човековиот организам, 2/3 се наоѓа во клетките, а 1/3 вон нив. Со внесување на само еден катјон (Натриум), доаѓа до циркулација на водата во организмот (а со тоа и на останатите хранливи материи) само во клетките на организмот. Со внесување на два катјона, кои меѓусебно се одбиваат (бидејќи се позитивни), и на натриумот и на калиумот, доаѓа до движење и на вонклеточната вода во организмот во која се наоѓа сета „нечистота“.


Секој дисбаланс помеѓу овие два минерала, натриумот и калиумот, доведува до низа здраствени проблеми, најголеми во работата на мускулите а со тоа и на работата на срцето, бидејќи и срцето е мускул.

И друг, поголеми, здравствени проблеми во организмот настануваат заради два основни проблема: губење на калиум и високиот крвен притисок. Калиум највеќе се губи поради стресот, а и денешната преработена храна ги троши резервите на калиумот, наместо да ги зголемува.

Основна причина поради појавата на високиот крвен притисок е стеснување на крвните садови поради прекумерна употреба на кујнската сол. Меѓутоа, со не внесување на натриум, може да дојде до болест која се вика хиперкалемија (високо ниво на калиум во организмот). Не внесување сол е грешка!

За правилно движење на водата во организмот, потребни се два минерала, натриум и калиум. Поради тоа „Наша сол“ содржи 2/3 натриум и 1/3 калиум како идеален сооднос на застапеност на овие два најважни минерали за човековиот организам.

Со користење на „Наша сол“ решавате два проблема, појава на високиот крвен притисок и реголацијата на водата во организмод, односно работата на бубрезите.
Во основа живеете здраво!
Затоа, слободно солете!
И за крај, оваа сол содржи и одредена количина јод која е пропишана од страна на државата.