Rainbow Flavors, Salt-Kissed
Уживајте во вкусот, зачинете го животот.
Хималајска
Сол
Хималајската сол е стара повеќе од 250 милиони години и содржи 84 елементи идентични со елементите во нашето тело - оние исти елементи кои постоеле во Првобитното море од кое настанал животот. Од тоа море потекнува оваа сол. Се вади рачно од Хималајските планини, се плакне со вода и се суши на сонце за да остане природна.
Калијумова
Сол
Помалку сол, повеќе калиум!
Се препорачува за лица со зголемен крвен притисок, со срцеви и бубрежни проблеми во консултација со лекар. Се користи како замена за кујнската сол во секојдневната исхрана. Медицински е докажано дека прекумерната употреба на натриум во исхраната предизвикува зголемен крвен притисок. Токму затоа „Наша Сол“ содржи 2/3 натриум и 1/3 калиум како идеален сооднос на застапеноста на двата најважни минерали за човечкиот организам. Со користењето на „Наша Сол“ ги решавате и двата проблема, појавата на висок притисок и движењето на водата во организмот, односно работата на бубрезите. Всушност живеете здраво!
Слободно солете!
Сол од Мртво Море
Водата од Мртвото море е со векови позната по своите терапевтски својства, бидејќи не само што содржи 8 пати поголема концентрација на сол од другите мориња, туку содржи и Магнезиум, Калциум, Цинк, Калиум и Сулфур. Добиена е по природен пат, со сушење на сонце.
Земја на потекло на суровината: Израел - Мртво море.
Морска Сол со Б9
Витаминот Б9 (фолна киселина) е важен во создавањето на црвените крвни зрнца. како и за синтеза на ДНК и за функционирање на секоја ќелија во организмот. Недоволно количество на овој витамин во организмот доведува до појава на анемија. Витаминот Б9 има значајна улога во развојот на плодот кај трудниците, затоа што е важен за нормален развој на нервниот систем кај новороденчињата.
со 2г на ден од оваа сол се задоволуваат околу 73% од дневните потреби на витаминот Б9.
Земја на потекло на суровината: Израел - Мртво море.
Зачин К+
Зачин да, но не по секоја цена!
Во овој зачин нема помалку сол од останатите, само што не содржи материи кои што се нарекуваат неуроакцелератори или ексцитотоксини (мононатриум глутаминат). Научниците и прехрамбената индустрија слободно нека водат војна околу тоа кои адитиви и во колкава мера се штетни за луѓето или не. Ние, во овој додаток на јадењата ги вклопивме сите позитивни искуства и знаења, во однос на подобрувањето на вкусовите и здравјето на луѓето, без да употребиме било каква „хемија“ (засилувачи на вкус, ароми итн.). Чиста природа и ништо повеќе. Лесно е да се досоли!
Затоа, слободно зачинете!
Храна и Вино
Емисија за гурмани
Емисијата Храна и Вино се емитуваше во етерот повеќе од 17 години на повеќе од 80 ТВ канали во 6 земји на 5 различни јазици. Истовремено, излегуваше списание со истото име.
МУЗИКА
Ние се грижиме за сите сетила!